Македонија 14. јуни 2020. / 23:27

Мисајловски до Пендаровски: Разбираме под какви притисоци сте, но издржете

Мисајловски до Пендаровски: Разбираме под какви притисоци сте, но издржете

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во име на партијата испрати порака до претседателот Пендаровски, во која му порача дека разбираат под какви притисоци е, но да издржи, да биде татко на нацијата и да го овозможи на својот народ, елементарното право на живот.

ВМРО ДПМНЕ има САМО два услови:

1. Изработка на протокол кој ќе го заштити здравјето на граѓаните.
2. Меѓународно надгледување на изборите од страна на ОБСЕ/ОДИХР.

Короната ќе ја победиме заедно, а ова е момент кога се одлучува за иднината на нашата Македонија!

Кога и да се случат изборите, победник на истите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ!, порача Мисајловски.