Македонија 06. јули 2020. / 13:31

Мисајловски: СДСМ ветувааа 500 евра плата, инфраструктура, инвестиции, но од сето тоа има само едно големо ништо

Мисајловски: СДСМ ветувааа 500 евра плата, инфраструктура, инвестиции, но од сето тоа има само едно големо ништо

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски, истакна дека при посета на Куманово, поточно на Железничка станица, затекнал руинирани објекти и раскопана улица.

Притоа, од граѓаните добил поплаки дека кога функционерите на СДСМ доаѓале таму, ветувале 500 евра плата, инфраструктурни проекти, капитални инвестиции, но од сето тоа имало само едно големо ништо.

Денеска сум во Куманово, поточно на Железничка станица во Куманово. Затекнав руинирани објекти и раскопана улица. Ова е се што СДСМ направило тука. Населението вели дека кога функционерите на СДСМ доаѓале тука, ветувале 500 евра плата, инфраструктурни проекти, капитални инвестиции, но од сето тоа има само едно големо ништо. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на нови инфраструктурни проекти во Куманово и низ цела Република Македонија, асфалтирање патишта, поголеми плати и пензии, капитални проекти, се со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. СДСМ мора да замине во историјата и државата да тргне напред – порача Мисајловски.