Македонија 07. февруари 2020. / 12:43

Мирјана Лазарова Трајковска нов судија во Врховниот суд

Мирјана Лазарова Трајковска нов судија во Врховниот суд

Судскиот совет денеска едногласно ја избра Мирјана Лазарова Трајковска за судија на Врховниот Суд. Поранешната судијка во Стразбур од Европскиот суд за човекови права доби можност да конкурира за судија во Врховниот суд со измените на законот за судови, пишува Телма.

Членовите на судскиот совет едногласно, со 12 гласа ја поддржаа Лазарова-Трајковска, и со пофални зборови говореа за нејзините квалитети.  Едногласно, со 12 гласа, за судија во Врховен беше избран и Сафет Кадрии. Со неговиот избор,  еден судија помалку ќе има и Апелациониот суд, каде Кадрии имаше функција и на портпарол.

Во Врховен суд преминува и досегашниот претседател на штипска апелација Наќе Георгиев.

На денешната седница на Судскиот совет, треба да се бираат уште 3-ца судии во Врховниот Суд и 19 судии во основните судови.

Изборот на 6 судии за апелација, по оглас кој беше објавен пред една година, не е ставен на дневниот ред на седницата на Судскиот совет.