Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на бизнисменот Љупчо Палевски – Палчо за кого македонските медиуми објавија дека бил приведен од полицијата во Белград во моментот кога сакал да се качи на авион за Москва.
Министерството за правда на Република Србија нема сознанија за приведување на вакво лице, се наведува во кусото соопштение.
Од српското Министерство за правда упатуваат на Министерството за внатрешни работи, но оттаму засега нема информации.
Медиумите објавија дека Палевски е приведен од српската полиција по потерница распишана од Република Хрватска и оти во моментов е во екстрадиционен притвор.