Македонија 03. април 2019. / 16:05

Министерството за култура демантира: Асаф Адеми не поднел оставка

Министерството за култура демантира: Асаф Адеми не поднел оставка

Министерството за култура попладнево преку соопштение ги демантираше информациите објавени во одредени портали за оставка на министерот Асаф Адеми.

Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика, наведуваат од ресорното Министерство.