Македонија 24. декември 2018. / 18:20

Министерство за образование: И наставниците ке одмараат во зима

Министерство за образование: И наставниците ке одмараат во зима

Министерството за образование и наука ги извести директорите на основните и средните училишта со донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2 до 11 јануари со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.

-Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, во согласност со надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.1.2019 до 11.1.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците- се вели во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.

Ова препорака, како што велат од Министерството, е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период, се објаснува во информацијата доставена до сите основни и средни училишта.