Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денешниот празник Богојавление Водици, го прослави во Тетово. Тој во својата објава на фејсбук го честиташе празникот на сите православни верници во Македонија.
-Денес бев во Тетово, на еден од најголемите празници кој го слават православните христијани и заедно со нив присуствував на фрлањето на осветениот крст.
На Водици кога се осветуваат водите, посакувам најискрено во срцата на сите верници да се вселат мирот, хармонијата, љубовта и милосрдието.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
Бог се јави, навистина се јави, напиша Чулев.