Македонија 18. август 2019. / 17:30

Министерот за локална самоуправа најавува реорганизација на општините

Министерот за локална самоуправа најавува реорганизација на општините

Со измени на закони, владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа. Формирани се работни групи кои треба да дефинираат кои надлежности на државата ќе преминат кај општинските власти. Новиот ресорен министер посочи дека ќе има измени и во фискалната децентрализација и повеќе пари ќе одат за општините, пренесува Алсат-М.

Одиме на три нивоа. Едното ниво е децентрализација на институции. Разговаравме со сите министри, да видиме што тие се подготвени да отстапат од своите надлежности на општините. Ние правиме анализи, кон крајот на август се состанува експертскиот тим и ќе направиме некоја драфт верзија во која што сакаме да се вклучи и општината – изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Милевски вели дека на општините им е неопходно целосно реорганизирање. Тој како министер, но и како претседател на владиниот партнер ЛДП ќе се залага на следните локални избори да има отворени листи за избор на советници. Вели дека за идејата има поддршка и од опозицијата. Смета дека на тој начин нема да се трупаат административци, и ќе се зајакне контролата врз одговорните лица.

Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно тоа да се издржи – додава Милевски.

Од ЗЕЛС за Алсат велат дека локалните власти сакаат процесот на децентрализацијата да продолжи да се развива. Добиле и потврда од премиерот Зоран Заев дека постои расположение кај централната власт за префрлање на повеќе нови надлежност на локално ниво, во областите каде ќе биде оценето дека е можно и потребно.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.