Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски денеска ги нападна Стојанче Стоилов и Борко Ристовски за нивните изјави и гестови со кои јасно кажаа дека се противат на менувањето на името на државата во Северна Македонија.
Иако Манчевски преку пораката сака да прикаже дека се противи на делби тој самиот прави поделби меѓу ракометарите и меѓу граѓаните што ги поддржуваат или напаѓаат.
Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби, напиша Манчевски на Твитер.
Министерот во чија надлежност е и МТВ2 која емитува на албански јазик и која го нападна Столе Стоилов во директен пренос, не кажува ништо за навредите и бојкотот на спортската редакција на МТВ2 кон Стоилов.
На неговата порака Манчевски доби низа одговори.
“Ве боли секој гол на Столе и Кире, и секоја одбрана на Борко. Алергични сте на сакање на својата репрезентација. Нејзините победи се ваши порази. Убаво си кажавте – не ви лежи да сте патриотска партија. Предавничка сте”, се вели во една од пораките.
Останатите пораки кои што не се соодветни за објавување прочитајте ги во твитот:
Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби.
— Damjan Manchevski (@d_manchevski) January 13, 2019