Македонија 21. ноември 2018. / 13:25

Министерот Дураку бега од новинарите наместо да одговори за тужбата против државата заради аерозагадувањето

Министерот Дураку бега од новинарите наместо да одговори за тужбата против државата заради аерозагадувањето

Министерот за животна средина Садула Дураки ги избегна новинарите и не сакаше да ги искоментира најавите на невладините организации дека ќе ја тужат државата за уништено здравје поради аерозагадувањето.

Дураки одржа пригоден говор на третата министерска конференција за животна средина во Западен Балкан, но не одговори на заканите за граѓанска непослушност на невладините кои изразија сомнеж дека борбата со загадениот воздух е приоритет на владата ниту пак зошто од анализите за загадувањето се изземаат фабриките и големите погони.

Според генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ земјите од западен Балкан се многу далеку од стандардите на ЕУ за заштита на животната средина кои подразбираат, до 2030 година емисијата на штетни гасови да се намали за 40%, а за 32 % да се зголеми употребата на обновливи извори на енергија.Декларацијата за која денеска се говори има за цел да ги обврзе земјите да ги подигнат стандардите, да се направат измени во националните програми и да се зголеми нивото на пари за заштита на животот на граѓаните, земјоделието и целата економија

-За жал ниту една од државите не вложува доволно пари, особено кога е во прашање заштита од емисија на штетни гасови. Зборувам за пари бидејки ги нема, но тоа не смее да биде изговор или извинување за да не се направи и тоа што се може. Треба да се зголеми нивото на енергетска ефикасност, да се поместат стандардите кога е во прашање загадувањето од автомобилите и нешто од што бегаат сите во регионот, термоелектраните. Мора да бидеме похрабри и да тргнеме во процес на трансформација на термоелектраните кои ќе станат електрани на гас или биомаса. Владите треба да бидат храбри и да донесат соодветни одлуки, истакна Горан Свилановиќ генерален секретар на Советот за регионална соработка.