Македонија 17. септември 2020. / 14:12

Министер од ДУИ со албанско знаме пречекал гости од ЕУ Делегацијата во Скопје

Министер од ДУИ со албанско знаме пречекал гости од ЕУ Делегацијата во Скопје

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, вчера грубо го прекршил законот за знамињата, пренесува „Дијалектика“, посочувајќи дека претставниците на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската унија и Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на ЕУ, тој ги пречекал со албанско знаме.

Во очи ни падна албанското знаме поставено на масата. Пред очите на високите гости од ЕУ Делегацијата во Скопје, министерот го прекршува Законот за употреба на знамињата. Имено, законот предвидува употреба на знаме на други заедници во Република Македонија само во локалните самоуправи, и тоа доколку припадниците на таа заедница се повеќе од 50 % од населението во таа општина, пишува порталот.