Македонија 24. февруари 2020. / 11:24

Милошоски: Заев лаже, а кој лаже, тој и краде!

Милошоски: Заев лаже, а кој лаже, тој и краде!

Пратеникот Антонио Милошоски, кој ја објави „бомбата“ за поранешниот премиер Зоран Заев, на социјалните мрежи појасни како и каде е направена снимката.

Милошоски тврди дека Заев лаже оти ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во Владата.

– Овој заклучок може да се извлече од доставениот трснскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот „Рекет“ и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година.
Но, доколку владата и/или обвинителството имаат воља да се дознае дали Заев лаже или не, тоа е многу едноставно. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та. Но, изгледа дека Заев нешто крие, а тој најдобро знае што крие и зошто лаже – објаснува Милошоски на Фејсбук.