Македонија 02. декември 2020. / 10:23

Милошоски: Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна

Милошоски: Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна

Денес бугарскиот дел на мешовитата историска комисија, ден пред новата онлајн средба со македонските историчари (3-4 декември), ќе реферира за сработеното и за позициите пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, со цел да го покажат натпартиското единство на сите политички субјекти по однос на наметнатите историски прашања со Македонија, соопшти на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.

А во меѓувреме, како што пишува Милошоски, во Македонија Никола Димитров бега од Собранието како ѓавол од темјан.

“Изминативе 3 месеци и министерката за надворешни работи на Бугарија, и нејзиниот колега вицепремиер имаа 3 неколкучасовни обраќања, со дискусии, прашања и одговори пред нивните пратеници од сите политички партии. Со тоа покажуваат демократска култура и почит кон народните избраници“, пишува Милошоски.

Влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна

?Денес бугарскиот дел на мешовитата историска…

Posted by Antonio Miloshoski on Tuesday, December 1, 2020

Во меѓувреме, додава тој, МНР Бујар Османи бега од македонското Собрание како неспремен гимназијалец од час по математика.

„И на сето ова поведение Заев збори за неефикасно Собрание, што е само срамна манипулација за недемократсиот однос на владата кон парламентот. Набројува европски практики, и предлага неуставни online седници (чл.69). А европските стандарди, и во Австрија, и во Бугарија, и во Франција, и Холандија се кратки и јасни: демократскиот капацитет на секоја влада се мери според нејзиното присуство и отчетност пред Собранието, како контролен механизам во демократските држави”, наведува Милошоски.