Политиката не е надвор од случувањата во ИВЗ“, рече Антонио Милошовски од ВМРО – ДПМНЕ, вечерва на „Топ-тема“ на телевизијата „Телма“, а по повод вечерашните случувања во Исламската верска заедница (ИВЗ).
Тој истакна дека висок функционер во собранието е многу заинтересиран за смена на раководството на ИВЗ.
Ова се политичко вмешувања на високи партиски фунционери од владеачката коалицијата“ го истакна Милошоски својот став без да прецизира за кој точно станува збор.
Пред малку Телма ја пренесе изјавата на Скендер Бузаку кој рече: „Од утре си даваме заклетва и ќе се организираме како верници јас сум новиот поглавар на ИВЗ и тоа врз основа на сите внатрешни акти и врз основа на судско решение“.
Тој ја известил и финансова полиција која треба да направи увид на досегашното работеше на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ.