Македонија 20. март 2020. / 11:43

Милошоски: Вчера имаше 6000 отпуштања во Битола, а Ангеловска и Царовска не знаат како да се справат со оваа криза

Милошоски: Вчера имаше 6000 отпуштања во Битола, а Ангеловска и Царовска не знаат како да се справат со оваа криза

Со зголемувањето на бројот на заразени од вирусот се гледа дека оваа криза ќе потрае, а тандемот Ангеловска и Царовска немаат план како да се справат со оваа криза, за да нема отпуштања и затварање, изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција

Вчерашниот ден беше црн ден за битолската економија, и покажува дека ќе има далекусежни последици доколку не се реагира брзо и навремено. Вчера беа отпуштени 6000 работници во компанијата Кромберг и Шуберт, за споредба сега ќе ви кажам што значи тоа за Битола, 6000 отпуштања во Битола, е исто како да отпушите 7000 луќе во тетовскиот регион, или  6000 отпуштања во Битола е како да имате 34.000 отпуштања во Скопје. Затоа сметаме дека ситуацијата е алармантна. И затоа на Владата не треба да и се случат уште отпуштање на работници и затварање на фирми па тогаш да реагира. Туку навремено треба да реагира да не се случуваат отпуштање на работници и затварање на фирми, изјави Милошоски.

Според Милошоски автомобилската индустрија е во сериозна криза поради коронавурусот а тоа се одразува и кај странските инвестиции кој работат во Македонија, но се одразува и кај домашните компании кои соработуваат со нив

Ова значи дека на деситици илјади граѓани на Македонија им се заканува отпуштање од работа доколку нема навремен и сериозен план за справување со оваа економска криза. Која исто толку е опасна како кризата со коронавирусот. Тандемот Ангеловска и Царовска немаат план како да се справат со оваа криза да нема отпуштања и затварање. Доколку Владата нема капациетет би било подобро да ги викне двајцата најдобри економисти од стопанските комори , од факултетите, од опозицијата, за да не биде оваа пандемија која го зафаќа здравјето на граѓаните да биде колапс и за нашата економија, изјави Милошоски