Македонија 22. декември 2020. / 10:05

Милошоски: Укажувавме на петте клучни грешки кои ги направивме во договорот со Бугарија

Милошоски: Укажувавме на петте клучни грешки кои ги направивме во договорот со Бугарија

Денеска, гостин на Јутуб каналот Македонија24  беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој зборуваше за договорот за добрососедство со Бугарија. Според него, Македонија направила пет клучни грешки во овој договор.

Укажавме на 5 клучни забелешки кои ги сметавме за недостатоци во нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија. Предупредивме дека доколку договорот остане таков каков што е предложен, нема да биде решение за проблеми во иднина, туку ќе создава дополнителни проблеми во перспектива.

Прво, во договорот недостигаше изричното споменување на македонскиот и бугарскиот народ како соседни и блиски народи 

Второ, недостигаше споменувањето на јазик, како јазик надвор од Уставот, како јазик на кој се развива една култура, алудирајќи на посебноста на македонскиот од бугарскиот јазик.

Трето, недостигаше клаузула со која Македонија не би можела да се откаже, според меѓународните норми, од било кое малцинство

Четврто, се споменува терминот заедничка историја. Ние кажавме дека има и посебна историја, а не само заедничка.

Петто, асиметрија на договорот. Во договорот има 99 обврски на сметка на Македонија, а за Бугарија има само една обврска, да даде зелено светло за преговорите на Македонија, а од денешен аспект гледаме дека ни таа обврска не ја исполни Бугарија, вели Милошоски на утрешното интервју.