Со стихови од Пушкин во статус на социјалните мрежи, пратеникот Антонио Милошоски објави посвета до еден од пратениците кои гласаа “за” уставните измени на 19-ти октомври.
“ДАВЕНИКОТ
А во народот се збори,
Сека година, в исти ден,
Несреќникот грев што сторил
На страшниот гост е плен”
Овие стихови од Пушкин му ги посветувам на пратеникот кој ноќта на “срамниот Петок” (ден 19ти Октомври), после притисокот и принудното гласање ЗА, низ собраниските ходници липаше како дете.“ – напиша Милошоски на својот ФБ профил.