Македонија 27. март 2019. / 22:25

Милошоски: Силјановска носи додадена вредност со оглед на нејзиниот кpитички став кон која и да е власт

Милошоски: Силјановска носи додадена вредност со оглед на нејзиниот кpитички став кон која и да е власт

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски во своето гостување во емисијата ,,И што ако’’ на телевизија МРТ изрази отворена поддршка за кандидатурата за претседател на професорката Гордана Силјановска Давкова. Тој истакна дека кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова носи додадена вредност со оглед на нејзиниот кpитички став кон која и да е власт која сака да доминиpa на секоја позиција.

Она што јас го согледувам кај нејзе како додадена вредност е што таа важела и важи за кpитичар на властите кои и да се власти кои што во моментот сакаат да доминиpaaт на секоја позиција. И во тој поглед бидејќи ценам дека на Република Македонија токму заради еден баланс и рамнотежа во општеството и европеизација на сите овие односи и на силите внатре во држвата како кpитичар на власт, јас тука го гледам нашиот заеднички именител и ќе и ја дадам мојата поддршка и ќе гласам за професорката Силјановска Давкова. И таму каде што имам можност ќе се обидам да го промовирам и тој став, вели Милошоски.