Македонија 15. септември 2019. / 09:19

Милошоски: Просечните плати на помошниците обвинители на Јанева во СЈО се над 3.500 евра

Милошоски: Просечните плати на помошниците обвинители на Јанева во СЈО се над 3.500 евра

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот Фејсбук профил пишува дека просечните месечни примања на обвинителите во СЈО се прилично високи.

-Платите во СЈО:
1. Просечните месечни примања на вработените во СЈО со високо образование се 80.000 денари (редовна плата + 35% повишица за вршење на јавно-обвинителска дејност + исплата на додаток по основ на спорни договори за чување деловна тајна).
2. Просечните месечни примања на помошниците обвинители на Катица Јанева во СЈО се 220-260.000 денари, (според истите три основи) – напиша Милошоски.