После 4 дена самоизолација и 21 ден болничка хоспитализација, пратеникот Антонијо Милошоски е вратен дома. Тој на својот фејсбук профил вели дека тестот за коронавирусот е негативен и тој е сега меѓу своите најблиски.
После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид19, повторно дома.
Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се многу преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје.