Македонија 04. јануари 2021. / 10:27

Милошоски: Одговорност за тој што изградил трговски центар без функционални хидранти

Милошоски: Одговорност за тој што изградил трговски центар без функционални хидранти

Хидрантите поставени во трговскиот центар Глобал во Струмица во кој изгореа повеќе од 10 дуќани пред два дена, не биле во функција односно немале вода, известија пожарникарите кои го гаснеле огнот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски поради таа причина потенцира дека сочувство и солидарност треба да има, но треба и одговорност за тој што изградил трговски центар без функционални хидранти.

„ГЛОБАЛ Струмица: Сочувство, да.

Солидарност, да.

Одговорност за тој што изградил трговски центар без функционални хидранти, да!“, вели Милошоски.

ГЛОБАЛ Струмица: 📌Сочувство, да.
📌Солидарност, да.
📌Одговорност за тој што изградил трговски центар без функционални хидранти, да!

Posted by Antonio Miloshoski on Sunday, January 3, 2021