Македонија 07. септември 2019. / 22:43

Милошоски објавува кој рекетирал и уценувал со снимки од малолетнички

Милошоски објавува кој рекетирал и уценувал со снимки од малолетнички

Пратеникот Антонио Милошоски преку Фејсбук постира неколку објави за тоа кој рекетирал и уценувал со снимки од малолетнички.

Кодираните објави на новинарот Героски, заедно со дојавите од другите социјални мрежи, даваат сериозни индикации за злоупотреба на службената положба од страна на висок функционер во МВР (сопруг на пратеник од СДСМ во Собранието), со злоупотреба на прислушкувани снимки од СЈО/УБК за изнуда на големи пари од бизнисменот Фиат Цаноски, преку проектот “Рекет”.Доколку на обвинителката Рускоска и треба помош во толкувањето на пораките и случајот, истата може да ја добие лично од премиерот Заев, кој слушам дека бил многу добро упатен во деталите од овој случај и потребно е да даде исказ!, напиша Милошоски.