Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „10 минути“ на ТВ21 вели дека не ги поддржуваат измените на Законот за надворешни работи и дека не треба да се прават промени во актуелниот закон за надворешни работи.
-По однос на законот за надворешни работи веќе е утврдено дека амбасадор може да биде лице кое што е државјанин само на Република Македонија и нема двојно државјанство и ние сметаме дека овој став, оваа одредба е правилна и не треба да се менува, бидејќи државјанството значи и права и обврски кон одредена држава, вели Милошоски.
Тој додава дека доколку некој амбасадор има двојно државјанство, тоа би значело и хендикеп бидејќи истиот не би имал можност за поседување на безбедносен сертификат.