Откако Собранието ќе се распушти, тоа не може да биде во заседание и нема мандат да заседава, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, коментирајќи ја иницијативата на СДСМ за повторно конституирање на законодавниот дом.
– Додека е во сила одлуката за самораспуштање на Собранието со 108 гласови „за”, не може никој по своја иницијатива или желба да го конституира или реконституира Собранието, без да добие мандат од граѓаните на изборите, вели Милошоски.
Тој вечерва во „Топ Тема“ рече дека доколку Собранието повторно се состане, тоа ќе служи како параван за озаконување на сите уредби на Владата кои, според него, СДСМ и ДУИ ги донеле за време на вонредната состојба, а немаат врска со таква состојба.