Македонија 08. април 2019. / 11:12

Милошоски ја пречкрта „Северна“ на акредитацијата во Стразбур

Милошоски ја пречкрта „Северна“ на акредитацијата во Стразбур

На својата акредитација како претставник од македонското Собрание на конференцијата во Советот на Европа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја пречкртал „Северна“ од името на државата.

-Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!, напиша Милошоски на фејсбук.

Инаку, во наредните 4 дена , делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски, ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.