Од сите кандидати за пратеници на ВМРО пред секои избори било барано да прифатат два принципи. Првиот, да ја почитуваат изборната програма на ВМРО врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници, пишува Антонио Милошоски.
-И второ, за македонските национални прашања да ја почитуваат вољата на народот на законски организиран референдум. Секој пратеник си знае за себе, но гласачите знаат уште подобро кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал честа и вољата на гласачите за три сребреници, напиша на Фејсбук пратеникот Милошоски.