Македонија 14. септември 2018. / 21:39

Милошоски: Граѓаните нема потреба да излегуваат на референдумот

Милошоски: Граѓаните нема потреба да излегуваат на референдумот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека Владата незаконски го распишала референдумот со незаконито повеќзначно прашање.

-Нема потреба граѓаните да излегуваат на референдумот и да дадат легитимитет на предавството и незаконитоста која ја прави власта. Граѓаните знаат дека со своето негласање ќе дадат порака на оваа власт, рече Милошоски.