Опозицијата бара одговорност од Владата за бугарското вето бидејќи поради истото беше оневозможена преговарачката рамка за Маскедонија.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата со лаги ги крена очекувањата на граѓаните дека ќе започнат преговорите за членство во ЕУ, па затоа сега и разочарувањето е големо.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во изјава за Алсат вели дека самото вето е потврда дека во 2017 година премиерот Зоран Заев и тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ја лажеа јавноста дека договорот со Бугарија е корисен и дека Македонија нема проблеми со ниту еден од соседите.
За ова Милошоски дури и најави дека како пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ од наредна недела ќе поднесат брање за интерпелација на Димитров.
-Во 2017 не убедуваа дека договорот со Бугарија е корисен и ги отвора вратите за ЕУ и дека повеќе немаме ниту еден проблем со ниту еден од соседите. Ова значи дека денешното вето потврдува дека Никола Димитров и Зоран Заев лажеле. Ветото е потврда дека договорот не ги решил проблемите, туку отворил нови. Затоа како пратеничка група ќе доставиме барање за интерпелација за вицепремиерот Димитров, рече Милошоски