Македонија 05. декември 2019. / 14:04

Милошоски: Четворица од актуелните уставни судии блиски до СДСМ пред 3 години тврдеа дека членот 11 постои

Милошоски: Четворица од актуелните уставни судии блиски до СДСМ пред 3 години тврдеа дека членот 11 постои

Четворица уставни судии од 2016 година, а кои се блиски до СДСМ, во издвоено мислење за укинувањето на измените од 2009 година, тврдеа дека се враќа во членот 11 од Законот за помилување, изјави Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали уставниот судија Сали Мурати во 2016 година бил во право кога тврдел дека се враќа во сила правото на претседателот да помилува или е во право денеска, три години потоа кога Мурати како претседател на Уставниот суд го тврди спротивното. Независно дали Законодавно-правната собраниска комисија донесе автентично толкување или не за членот 11, ниту Собранието ниту Министерството за правда не може да му ги одземе надлежностите на Уставниот суд и да му каже како да одлучува. За да нема дилеми, наша препорака е Уставниот суд да побара помошно мислење од Венециската комисија“, изјави на денешната конференција за медиуми Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски тврди дека власта во последен момент се решила да нема автентично толкување бидејки автентичните толкувања имаат сила на закон и важат од моментот на носење на членот на кој се однесуваат.

„Ова ќе значи дека член 11 не постоел од 1993 година, а тоа всушност ќе значи дека аболицијата на премиерот Зоран Заев за „Глобал“ нема да важи.