Македонија 19. октомври 2019. / 11:34

Милошоски бара Димитров да се обрати пред собраниската Комисија по недобивањето на датум

Милошоски бара Димитров да се обрати пред собраниската Комисија по недобивањето на датум

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски бара шефот на македонската дипломатија Никола Димитров да се обрати пред Комисијата по недобивањето на датум за отпочнување преговори со ЕУ.

Тој во документот кој го објави на неговиот фејсбук профил посочува дека согласно чл.6 од Законот за надворешни работи министерот за надворешни работи има обврска да се обрати пред Комисијата за надворешна политика во Собранието најмалку два пати во годината.

Милошоски додава дека за ова обраќање на Димитров во Собранието очекува голем интерес и кај пратениците и кај јавноста. А после тоа веројатно и уште една интерпелација за МНР Димитров, напиша на својот Фејсбук профил, пратеникот Антонио Милошоски.