Македонија 19. октомври 2018. / 15:13

Милошоски: Ајде Талат, почни ја седницата! Немате 80 пратеници!

Милошоски: Ајде Талат, почни ја седницата! Немате 80 пратеници!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Антонијо Милошоски на прес конференција во собранието јавно го повика претседателот на законодавниот дом да го стави на дневен ред гласањето за уставни измени.

-Поминаа 19 дена откако граѓаните на референдум се изјаснија дека не прифаќаат проена на уставното име. 19 дена, власта го одолговлекува гласањето за да се врши притисок врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Го повикувам господинот Талат Џафери да не одолговлекува и да ја стави точката на гласање, затоа што пратениците ја почитуваат вољата на народот и нема да потклекнат на притисоците. Власта нема 2/3 мнозинство. – рече Милошоски.