Македонија 26. јануари 2019. / 20:17

Милион денари „исчезнаа“ од сметката на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Милион денари „исчезнаа“ од сметката на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Еден милион и сто илјади денари нелегално биле подигнати од сметката на Националниот сојуз на глуви и наглуви за само еден месец, информира Томица Стојановски за ТВ21, кој од 8-ми јануари 2019-та на изборно собрание од в.д. преседател е назначен за претседател на Сојузот .

-Откривме нелегално подигање на пари, огромни суми, од здружението во Гостивар, Прилеп и Куманово и во Скопје во здружението „Тишина“, изјави Томица Стојановски.

Нема никаво известување каде се потрошени парите, наводно за материјални и патни трошоци. Испративме писмо до здруженито во Гостивар и немаме никаков одговор.

Лицето Ибраим Тахировски се  стекнал со Решение за нов В.Д претседател користејќи фалсификати од потписи на тогаш актуелниот В.Д Претседател Томица Стојановски и потписи од нелегитимни делегати од здруженија. Во ноември минатата година  со поднесена документација до Централниот регистар во Битола, во жалбениот период за неколку дена Централниот Регистар ја увидел грешката и комисијата за жалби го прогласила тоа Решение за НИШТОВНО. Со што го избришале неговото име и повторно Стојановски е в.д. претседател. Само последниот ден пред да биде избришан, подигнал на двапати по 150 000 денари, иако преседателот месечно може да подигне 50 000 денари. Но, и по назначувањето за претседател, повторно има обиди од страна на  Тахировски да се запише во Централен регистер како в.д на Сојузот .

За овој случај има правна процедура во Основно Јавно обвинителство од каде ни одговорија:

-До Основното јавно обвинителство Скопје во посочениот временски период пристигната е кривична пријава против едно од лицата што ги наведувате. Пријавата е заведена во текот на вчерашниот ден и е распоредена кај надлежен јавен обвинител, кој ќе ги проучи наводите во насока на утврдување на фактите – ОЈО.

Неправилностите во работењето на претходното раководство за првпат се востановени од државен ревизор, а предметот е и во финансиска полиција од каде не добивме подетални информации, бидејќи случајот е во предистражна постапка. Посочениот Тахировски не го добивме и покрај неколкуте обиди.

Овие проблеми се кочница за реализација на предвидените проекти за 2019-та поддржани од МТСП, како што се олеснувањето на комуникацијата во јавните институции и формирањето на Фолклорно друштво за поголема социјализација на овие лица.

Тој проект се нарекува „Видео кол центар“, двајца толкувачи ќе бидат на располагање со лап-топ, компјутери и мобилни апликации сите глуви лица ќе ги имаат на нивните мобилни телефони и ќе комуницираат со толкувачите за надминување на пречките на глувите лица во секојдневието“, изјави Лиза Велковска, Генерален секретар на НСГНРМ.

Во Македонија има околу 6 000 глуви и наглуви лица кои имаат 17 општински здруженија.