Претседателот на ЛДП Горан Милевски ќе бара од министерот за надворешни работи Никола Димитров да побара и владата во Атина да го почитува Преспанскиот договор.
И по повеќе од една година од договорот во Преспа нашиот јужен сосед се уште не ги сменил таблите, вели Милевски.
Владата и премиерот сметаме дека ја пропуштија шансата која што ја налагаше договорот да бидат стратешки партнери на Македонија и да бидат нашиот глас во НАТО и во ЕУ. Тоа практично го премолче Мицотакис на Самитот и не влијаеше доволно и не лобираше доволно за Македонија да добие датум. Ние мораме да констатираме со жалење дека дел од Преспанскиот договор не е испочитуван. Враќајки се со возило од Атина до граница не видовме ниту една табла со новото име Северна Македонија и се уште стои понижувачкото име Скопиа, вели Милевски.