Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска порача дека на општините им е потребно целосно реорганизирање, бидејќи вака само се трупаат административци.
–Градоначалниците да влезат со тимови, кои ќе имаат мандат додека трае мандатот на градоначалникот. Вака секој градоначалник сака да стави свои луѓе и администрацијата се дуе како балон. Тоа е невозможно да се издржи, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Тој рече дека Владата планира да го прошири процесот на децентрализација на локалната самоуправа и дел од надлежности на државата да преминат кај општинските власти.