Некогаш популарниот ТВ водител, Миленко Неделковски, пред кривичниот суд во Скопје во своите искази тврди дека фејсбук страницата “Миленко Неделковски” која има над 50.000 лајкови не е негова и тој не ја контролира.
Ваквите искази на Неделковски доаѓаат за време на случајот кој ОЈО го води против него поради говорот на омраза. Неделковски ликуваше на починатите во пожарите во соседна Грција и бараше Грците живи да гореле.
Симптоматично е тоа што кога бил повикан на распит во МВР, Неделковски не негирал дека страницата е негова и дека тој ј напишал спорната објава. Но, веројатно поучен од некого, пред судот го сменил своето тврдење.