Миле Јанакиески однесен на преглед во болницата 8 – ми Септември, пренесе АлсатМ.
Неофицијално поранешниот министер се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење и затоа затворската полиција од затворот Шутка го однела на прегледи.
Инаку Јанакиески со денови не јаде. Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот „Талир”.
Јанакиески е во притвор поради продажбата на државно земјиште на фирми кои потоа не ги изградиле предвидените хотели.
Премиерот Заев денеска посочи дека жали што Јанакиески е во притвор, но дека не може да се меша во судски одлуки.