Македонија 05. март 2019. / 18:32

Милчин удри по власта: Заев и партнерите ја претвораат администрацијата во тумор кој ќе ја изеде однатре државата

Милчин удри по власта: Заев и партнерите ја претвораат администрацијата во тумор кој ќе ја изеде однатре државата

Професорот и поранешниот извршен директор на Фондацијата Отворено Општество, Владимир Милчин, ја искритикува власта, откако се објави дека премиерот Зоран Заев и неговите соработници планираат да ја зголемат администрацијата, создавајќи уште едно министерство.

Бидејќи премногу чини зголемувањето на администрацијата, Милчин констатира дека ниту Шведска не си го дозвлолува тоа што го прави оваа власт.

– Наместо да ја намалат владината администрација Заев и партнерите ја претвораат во тумор кој ќе ја изеде однатре државата. Ни Шведска не си го дозволува тоа. Администрацијата се умножува, населението се проретчува. – напиша Милчин во својот Фејсбук пост.