Македонија 13. август 2019. / 13:25

Милчин со реакција за истите постови на СДСМ за судските случаи

Милчин со реакција за истите постови на СДСМ за судските случаи

Режисерот и поранешен извршен директор на фондацијата Отворено општество, Владимир Милчин ги искоментира истите постови на Фејсбук, на генераниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и неговите сопартијци, во врска со судските случаи.

– Ова е за во Риплиевото Верувале или не. – напиша Милчин споделувајќи колаж фотографија од истете постови на СДСМ.

Ваквата негова реакција, доаѓа откако вчера на социјалните мрежи се појави фотографија на која Николовски, пратеникот Мухамет Зекири заедно со плејада нивни сопартијци и општински организации на владејачката СДСМ, преку Фејсбук најавија интензивирање на судски процеси, оставајќи ја јавноста во прашалници од каде имаат информации кои ги поседуваат само судските органи.