Македонија 28. февруари 2021. / 16:34

Мијалков во изолација во Шутка, под засилен надзор и чести контроли

Мијалков во изолација во Шутка, под засилен надзор и чести контроли

Од затворот информираат дека поради коронавирусот праксатa која се спроведува од почетокот на пандемијата, односно секој нов во затворот, да остане прво во изолација.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е во „изолација“ и сам е во соба во Истражниот затвор „Скопје“ каде од петокот го издржува 60 дневниот притвор, откако беше осуден на 12 години затвор за нелегалното прислушкување.

Како што пишува „Слободен печат“, од затворот информираа дека се преземаат и засилени безбедносни мерки и дека дополнително се прават и чести контроли.

Мијалков претходно беше неколку денови во куќен притвор, откако притвор побара обвинителството бидејќи имале дојави лицето се подготвува за Бегство.

Судот одреди куќен притвор, а Мијалков не беше достапен на полицијата за да го прими решението. Изненадно, пред еден медиум се појави во вторникот, по што беше спроведен во куќен притвор.