Македонија 26. февруари 2021. / 12:26

Мијалков прво во Шутка, па 12 години во Идризово

Мијалков прво во Шутка, па 12 години во Идризово

Основниот Кривичен суд во Скопје го прифати предлогот од Обвинителството, и одреди мерка затворски притвор за Сашо Мијалков, укинувајќи ја мерката куќен притвор.

„Против обвинетиот е поднесен обвинителен предлог, па согласно предвидено е по објавување на пресудата, притворот да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од адресата каде што му е одредена мерката куќен притвор, и да се однесе во притвор“, истакна судијката Џанета Бегтовиќ.

Претходно обвинителката Ленче Ристоска побара ефективен притвор за Мијалков поради опасност од бегство.