Македонија 07. март 2019. / 12:27

Мијалков на 8-ми март ќе ја чуе првата пресуда за „Титаник“

Мијалков на 8-ми март ќе ја чуе првата пресуда за „Титаник“

Сашо Мијалков, поранешниот директор на Управата за безбедност за контраразузнавање кој е во куќен притвор и е обвинет во неколку постапки на СЈО, на 8-ми март ќе ја чуе првата пресуда, пренесе МКД.мк.

За утре на рочиштето за „Титаник“ каде им се суди на Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, ќе се слушне првата пресуда.

Адвокатите во оваа постапка ја оспоруваа автентичноста на „бомбите” и според нив тие немаат доказна вредност и бидејќи биле незаконски прибавени.

Адвокатот Миле Петровски, бранител на Мијалков, во завршен збор на судењето за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2″, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент.