Мијалков е во државата , дојде во Обвинителството да ја земе потврдата за домашен притвор .
Тој за ТВ 24 изјави дека не бил во бегство, туку дека бил во изолација, имал температура и симтоми на корона. Тој изјави дека се извинува на ситe.
Не, не бев во бегство, навистина ми е жал, дојдов откако дознав, вчера бев болен и кога утрово дознав за ова што се случува бев тука , бев изолиран оти имав симтоми на корона, со 40 температура и вчера го поминав во изолација. Сакам да се извинам на целата македонска јавност и уште еднаш јавно да повторам дека јас никогаш нема да побегнам, се извинувам на Владата , на премиерот и на сите. Одам да го примам решението. Јас кога ќе дадам збор не го погазувам, изјави Мијаколов за ТВ 24.