Глобална иницијатива против меѓународниот криминал во својот најнов извештај го цитира истражувањето за имотот што го стекнал и го поседува поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, спроведено од уредничката на Истражувачката известувачка лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и чешката истражувачка новинарка, Павла Холцова.
Како што вели Цветковска, таа не очекува во државава веднаш да има истрага или некаков одговор од надлежните, но истакнува дека разоткривањето на криминалите во меѓународни рамки дава резултати и повлекува соодветни одговори.
Извештајот на Глобална иницијатива против меѓународниот криминал го цитира истражувањето за имотот на директорот на УБК Сашо Мијалков кое го работевме со колешката Pavla Holcova којашто е интервјуирана за оваа публикација. Ова е мојата најдрага работа. Ефект во држава во којашто владее неказнивоста секако нема да има веднаш, но секое изложување на проблемите на меѓународно ниво на овие лица и групи им го отежнува и загорчува животот. Некогаш оди бавно, но дефинитивно не е „endless battle“. Внимавајте дечки, затоа што со драгата Павла работиме на нови приказни – објави Цветковска.