Екс шефот на УБК Сашо Мијалков неодамна е преместен од обична во таканаречената „хашка соба“ во Шутка, објавува телевизијата 1ТВ.
Информацијата на 1ТВ ја потврди директорот на „Шутка“ Ѓоко Котевски. Мијалков во „хашката соба“ е со уште еден „станар“, а причината за неговото преместување е поради неговата поранешна функција.
Мијалков повеќе од 10 години беше директор на една од најмоќните полициски функции во МВР, односно директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.