Македонија 20. ноември 2018. / 20:37

Мијалков е приведен: Судот му одреди 30 дена притвор

Мијалков е приведен: Судот му одреди 30 дена притвор

Судот му одреди 30 дена притвор на поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков.

На Сашо Мијалков му е одреден 30 дневен притвор , потврди СЈО, а во моментов се спроведува во затворот во Шуто Оризари. Тој е притворен на барање на СЈО. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, попладнево му одредил мерката притвор .

Поранешниот директор на УБК , Сашо Мијалков е обвинет во неколку предмети на СЈО како  „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“.