Еден од тројцата членови на изборната комисија, Тамара Чаусидис, вели дека изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ е легитимен, иако според Статутот на тоа здружение, немаше доволно гласови да се избере прв човек.
Чаусидис очигледно не знае добро да го чита Статутот па даде скандалозна изјава.
Новинарот од Гоце Михајловски на својот Фејсбук ја прокоментира објавата на Чаусидис.
– Спин на денот, а демек се бориме со лажните вести. Не е важно колку гласале, важно е колку биле ПРИСУТНИ. Статутот бара “мнозинство од присутните”, а не од тие што гласале. Срамота до каде може да се оди за некаква си функција во невладина организација, па затоа не се чудете до каде се оди за “вистинска” власт. – напиша Михајловски за оваа изјава на Чаусидис:
Гласањето почна по 14 часот, а сите регистрирани членови кои беа присутни на изборното собрание беа по име читани и повторно регистрирани дека се присутни за гласање. За Младен глсаа 86, а за Столе 77. Така што како член на комисијата, воопшто немам дилеми дека изборот на претседател на ЗНМ е легитимен. Не сум правник да толкувам правилници, ама како новинар логично знам дека 86 е повеќе од 77. 169 поделено на два е 84, 5. Така што изборот на Младен Чадиковски е легитимен. – вели Чаусидис.
Инаку како што Економски Лидер објави вчера од вкупно 555 членови на Здружението на собранието биле присутни само 175.
За Чадиковски гласале 86 новинари и медиумски работници, што е за девет повеќе од вториот кандидат новинарот Столе Наумов, кој добил 77 гласа.
Според член 34 од Статутот на ЗНМ, претседател се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание. Тоа значи дека за Чадиковски да биде избран, тебало да добие 87 гласови, односно тој за само еден глас не е избран за претседател.
Целиот текст на Лидер прочитајте го ТУКА.