Горан Михајловски, главен уредник на СДК, вчера кога гостуваше на емисијата на 1ТВ каде што посочи дека Стево Пендаровски ќе има проблем со гласачите кои нема да излезат да гласаат за него поради незадоволството од владеење на СДСМ.
Претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски го има проблемот со една група на гласачко тело кои што ни во лудило не би гласале за националистички идеи, ни за тоа што го преставува ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа се разочарани и од владеењето, почнувајќи од платформите на Матка, до непотизам, до зголемени даноци. Сите тие работи, а посебно кај тие луѓе ја раѓаат онаа емпатија, ја поттикнуваат онаа емпатија, па добро не ме интересира политика, нема да излезам да гласам. Е тука ќе има Стево Пендаровски голем проблем како да ги привлече тие. Како нив да ги натера да бидат одговорни и како нив да ги натера, зошто само стравот дека ВМРО ќе се врати нема да ги натера, појасни Михајловски.
Михајловски рече дека ова што го говори, го чувствува како пулс на граѓаните од секојдневниот живот. Има огромно незадоволство.
Треба малку Пендаровски да го спремат на пониски удари и да не се жали. Он почна со жалење, он почна со тоа дека го следеле. Мислам дека со жалење нема да добие ништо. Гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е стабилно, е дисциплинирано, истакна Михајловски.