Македонија 10. ноември 2018. / 11:32

Мицотакис за „Дојче веле“: Признавањето на македонската нација за нас е многу проблематично

Мицотакис за „Дојче веле“: Признавањето на македонската нација за нас е многу проблематично

Грчкиот опозициски лидер и претседател на Неа Демократија Кирјакос Мицотакис во интервју за Дојче веле ја критикува владата на Алексис Ципрас поради признавањето на македонска нација.

Мицотакис вели дека за него и неговата партија останува неприфатливо признавањето на македонската нација и македонскиот јазик со Договорот од Преспа. Тој предупредува дека доколку актуелната грчка влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по избори.

Најголемиот проблем за Мицотакис е „македонскиот иредентизам“.

– Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично. – оценува грчкиот опозициски лидер.

Тој уште еднаш повтори дека неговата партија нема да гласа за Договорот од Преспа во грчкиот парламент.