Гостин во емисијата Отворено на Алфа беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за актуелните политички случувања во Македонија.
Ние ова лето ниту во јуни ниту во јули ќе добиеме датум за преговори, иако практично молевме јас лично делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, молеше во Брисел да не го казнуваме народот и државата поради неспособноста на оваа корумпирана влада. Влада за едно прашање. Молевме буквално, ги аргументиравме нашите позиции, рече Мицкоски.