Кога одговорам на прашањето дали успеавме овие 28 години, и кога велам дека сме на работ да не успееме, мислам и не егзодусот кој се случува во Македонија. Македонија ја има се помалку и затоа што десетици, стотици, илјадници семејства ја напуштаат нашата земја и се отселуваат, изјави вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Имаме цели градови кои се иселени и празни. Вчера ја прочитав веста дека само во Делчево за еден ден го напуштиле 1000 луѓе, кои отишле на сезонска работа во странство. Ова е егзодус на Македонија. Да го прашам Зоран Заев зошто не отиде до Делчево, па да остави илјада пара чевли пред општината зошто само за еден ден стотици семејства си заминаа од нашата земја? Што направи тој за овие три години за да задржи барем еден човек во земјава, ако не повеќе? Стотици огништа ќе има помалку затоа што овие луѓе немаат ниту една причина повеќе да седат во сопствената татковина. Поразително и болно. Но тоа е болната реалност, каде нема ниту еден сегмент каде блескаме, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.